„Бентли“ велосипед-количка за деца, која чини 460 евра

Од:

Автопроизводителот „Бентли“ е познат по луксузните и скапи автомобили, но неговиот „најнов модел“ чини само 550 американски долари (околу 462 евра)…

Се работи за возило со три тркала и всушност претставува количка за деца, наречена „Бентли Трајк“. Производителот ја опишува како комбинација на „елеганција, функционалност и високо прилагодлив дизајн“. Количката е достапна во боите од палетата „Бентли“ и е наменета за деца на возраст од најмалку една година.

Седиштето може да се ротира за 180 степени со само едно притискање на копче, а како што расте детето, потпирачите за нозе може да се прилагодат и на крајот – целосно да се отстранат. Потоа е овозможен пристап до педалите, така што изумот има функција и на количка и велосипед. Исто така, има можност и да се отстрани потпирачот за грб, како и преклопниот заштитен капак, шипката и ремените.

Во зависност од возраста на детето, количката може да се преобрази во шест облици.

Инаку, велосипедот е доста безбеден благодарение на задните сопирачки, безбедносните ремени со пет точки, браници за кал, нелизгачки педали и слични подробности.

Би можело да ве интересира

Приспивните песнички се многу важен дел од сонот на бебето

Ана Ололовска

Како да се создадат здрави навики кај бебињата?

Ана Ололовска

Истражување: Децата со чести изливи на бес се поуспешни личности

Ана Ололовска

Пет вежби за правилен умствен развој на бебето

Ана Ололовска

Пол Макартни со нова сликовница за деца

Ана Ололовска

Последниве години се раѓаат сѐ повеќе близнаци во светот

Ана Ололовска