Бела Торн со критики до „Дизни“

Од:

Глумицата Бела Торн, поранешна ѕвезда на „Дизни“, ја нападна продукциска куќа поради стандардите што таа, наводно, им ги наметнува на децата.

– Тешко е да се биде совршен во очите на Дизни. И затоа мислам дека не е во ред тоа што „Дизни“ им покажува на децата дека сѐ е толку совршено, рече таа за „Фокс њуз“.

Таа натаму додава дека тоа е многу тешко да се постигне, барем за неа. – Само сакам да го работам тоа што никој друг не го прави, продолжи Торн.

Глумицата, инаку, се прослави со хитот на „Дизни“ – „Shake it up“ (Размрдај се), заедно со Зендеја, но изгледа дека таа повеќе не ја поддржува филмската куќа што ја претстави пред светот.

– Кога растат, децата не треба да гледаат во совршени луѓе. Тие треба да ја видат реалноста. Треба да ги видат различностите, шаренилото!, додаде таа.

По „Дизни“, Бела Торн и натаму „си го наоѓа своето место под Сонцето“ како актерка, но и како „инфлуенсерка“.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска