Беби Дол зема храна од народна кујна, многу е ослабена

Од:

Драгана Тодоровиќ, попозната под уметничкото име Беби Дол, српска и југословенска пејачка и текстописец, поранешна претставничка на Србија на Евровизија е видена како се храни во народна кујна во Белград, објави српски Курир.

Беби Дол извесно време не се појавуваше во јавноста, а едно од последните нејзини појавувања во медиумите беше во емисијата „Сценирање“, по што почнаа шпекулациите дека е во тешка финансиска ситуација.

„Два или три пати Беби доаѓаше овде за да земе храна. Не сум сигурна дали го земала оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може да дојде. Таа физички се промени многу. Многу ослабе, изгледаше како едвај да застане на нозе. Ја препознав по косата и нејзиниот специфичен глас. Ми се чинеше само тажно“, изјави за Курир волонтер од народната кујна.

Истиот весник откри дека неколку пријатели на пејачката „не слушнале ништо за неа веќе некое време“ и дека „не се свесни за фактот дека таа е во толку лоша ситуација што би морала да јаде во народна кујна”.

Би можело да ве интересира

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Во Белград со нож убиен српски репрезентативец

Горан Наумовски