– Змиите со латински назив Аипусурус апраефронталис се истребени од своето природно живеалиште, Тиморското Море, меѓу 1998 и 2002 година, меѓутоа овој месец повторно се појавиле и тоа во близина на брегот на Австралија.
– Бевме воодушевени. За нив мислевме дека се истребени и дека исчезнале од нашата планета, но се покажа дека сега живеат во близина на Нингал риф во Австралија. Она што е уште поинтересно е дека изгледа се размножуваат, што е ветувачки, изјави една од научниците, Бланш Данастаси од Универзитетот Џејмс Кук.
Уште во 2013 година научниците ја известија јавноста за алармантното намалување на популацијата на змиите во Ашмор риф, каде обично можеле да се видат 45 змии дневно. Тој број до 2010 година опадна значително, односно дневно може да се види само по една змија.
– Сега мораме да го истражиме нивниот начин на преживување за да можеме да утврдиме на кој начин ќе можеме да го заштитиме овој повторно откриен вид, нагласи Бланш Данастаси.