Бар Рефаели осудена за затајување данок

Од:

Израелската манекенка Бар Рефаели вчера беше осудена на девет месеци општокорисна работа и парична казна од 610.000 евра за затајување данок.

Израелската топ-моделка на 20 јули беше осудена за давање лажни изјави околу нејзиниот престој во странство со цел да ги избегне израелските даноци. Таа се изјасни за виновна, во рамки на спогодбата за казна, којашто предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели (610.000 евра), како и компензација за заостанатите даноци.

Судот на Тел Авив ја потврди спогодбата.

Супермоделката има три милиони обожаватели на Инстаграм.

Мајката на манекенката Ципи Рефаели, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за помала казна, беше осудена на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, со заостанати даноци.

Бар Рефаели ќе започне со извршување на своите обврски на 21 септември. Оваа пресуда стави крај на повеќегодишната судски постапка.

Би можело да ве интересира

Листа од 26 песни кои Двејн Џонсон – „Карпата“ ги слуша додека тренира

Ана Ололовска

Куќата на Елвис Присли се продава за 30 милиони долари

Ана Ололовска

Емилија Кларк и Метју Смит сликани заедно

Ана Ололовска

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно на екранот

Ана Ололовска

Почина лејди Дајана Риг

Ана Ололовска

Деми Ловато и нејзиниот свршеник си купија куќа од седум милиони долари

Ана Ололовска