Кремаста и вкусна …
Потребно е:
5 кроасани
2 јајца
2 банани
100 гр чоколадо
1 кисела павлака
200 мл млеко
Подготовка:
– Исечете ги бананите на тркалца и кроасаните на парчиња.
– Во калап за торта наредете еден ред кроасани, потоа еден ред банани и ставете неколку коцки чоколадо. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.
– Во еден сад изматете ги јајцата со млекото и павлаката. Со ова прелијте ја тортата во калапот.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.