Поранешниот тапанар и пејач на групата Џенесис (Genesis) и поп-иконата во 1980-тите години Фил Колинс, одлучи да напише автобиографија која ќе биде објавена во 2016 година.
Уметникот со хитовите како што се „In the Air Tonight“ и „Against All Odds“, во денешното соопштение, наведува дека неколку пати до сега му било побарано да напише мемоари, но тој никогаш не почувствувал дека е добро време за тоа се „до сега“.
Шеесетичетиригодишниот добитник на седум музички награди Греми, два Златни глобуси и Оскар за најдобра оригинална песна вети дека ќе ја раскаже неговата животна приказна без разубавување. Книгата која се уште нема наслов ќе ја објави во октомври 2016 година издавачката куќа „Шентјури“ во Велика Британија и „Краун Аркетајп“ во САД. И двете се во сопственост на издавачот Пингвин Рандом Хаус, кој има глобални авторски права.
Колинс од 1978 година до 1994 година имаше повеќе хитови на топ листите во Велика Британија и САД. Меѓу неговите најпознати песни се и „Groovy Kind of Love“ , „One More Night“ и „Another Day in Paradise“. Колинс во неговата кариера продаде повеќе од 150 милиони албуми.
Уредувачкиот директор на Краун Акетајп, Триша Божовски рече дека „целосно искрените“ мемоари ќе го откријат „Фил Колинс каков што многумина не го знаат“.