Avengers: Endgame триумфираше на американските People’s Choice Awards

Од:

Avengers: Endgame („Одмаздници: Завршница“) е победник на американските People’s Choice Awards. Филмот ја доби наградата за најдобар акционен филм и за најдобар филм на годината воопшто.

Роберт Дауни Јуниор со улогата во тој филм, ја освои наградата за најдобар глумец на 2019 година. Најдобра глумица е Зендеја за улогата во „Спајдермен“.

За најдобра комедија е прогласен филмот „Мистериозно убиство“ со Џенифер Анистон и Адам Сендлер во главните улоги. Најдобра Драма е „Потоа“ (After), a најдобар семеен филм е „Аладин“.

Том Холанд со својата насловна улога во „Спајдермен“ е прогласен за акциона ѕвезда. А, Бијонсе за својот удел во „Кралот лав“ – за „анимирана ѕвезда“ на годината.

„Ловци на сенки“ (Shadowhunters) победи во категоријата за најдобро научнофантастично и фантастично шоу за 2019 година.

Најдoбра ТВ-серија, како и драмска серија, според публиката, е „Почудни нешта“ (Sranger Things). Најдoбра хумористична ТВ-серија е „Бубалици“ (The Big Bang Theory).

За најдобро реално шоу е прогласено „Шоуто на Кардашијан“. Клои Кардашијан е ѕвездата од реалните шоуа за 2019 година.

Најдобра песна на годината е „Señorita“ на Шон Мендес и Камила Кабело. Пејач и пејачка на годината се Шон Мендес и Били Ајлиш. Најдобра група е „Блекпинк“.

За најдобар албум, публиката го прогласи „Lover“ на Тејлор Свифт.

Музички видеоспот на годината е оној за „Kill This Love“ на „Блекпинк“, кои како бенд ја имаат и најдобрата турнеја за 2019 година.

Од новите категории, наградата за ѕвезда на социјалните мрежи отиде кај Дејвид Добрик, а за позната ѕвезда на социјалните мрежи – кај Елен Деџенерис.

За „инфлуенсер на убавина“ а социјалните мрежи е прогласен Бретмен Рок.

За подкаст на годината е прогласена емисијата „Scrubbing“ на Бека Тајли и Тања Рад.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска