Армани претстави нова колекција на Неделата на модата во Париз

Од:

Италијанскиот дизајнер Џорџио Армани претстави нова колекција на париската Недела на високата мода, којашто беше обележана со блескави модели во гламурозен стил.

Пред ограничен број гости, моделите прошетаа низ просториите на Италијанската амбасада во Париз, покажувајќи ја линијата за есен – зима во којашто доминира облека во небесно-сини и сребрени нијанси, заедно со црни кадифени јакни… Армани (86), ги покажа новите слоевити фустани во пастелни нијанси, потоа – вечерни тоалети украсени со вештачки дијаманти, наметка изработена од „пајакова“ мрежа од бисери…

Како и другите врвни брендови за време на корона-пандемијата, и Армани комбинираше ревија во живо со снимен дисплеј-материјал. Неделата на висока мода во Париз трае до 8 јули.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска