Архитектите го „оживуваат“ Минас Тирит од „Господарот на прстените“

Од:

Група љубители на книгите и филмовите „Господарот на прстените“ сакаат да го изградат Толкиновиот измислен град Минас Тирит.

Тимот амбициозни архитекти и градежни инженери покрена кампања за собирање средства за изградба на овој град од бајките.

– Сакаме да поделиме љубовта кон Толкиновиот труд и да предизвикаме современа перцепција на архитектурата. Веруваме дека со изградбата на Минас Тирита можеме не само да создадеме единствена туристичка атракција, туку и да направиме убаво место за живот и работа, рече Џонатан Вилсон, лидерот на кампањата.

Групата планира да собере околу 2,9 милијарди долари за покривање на трошоците за купување на земјиштето, изградба на градот и одржување се до 2053 година.

Најголемите донатори (оние кои донираат повеќе од 150.000 долари) можат да бидат прогласени за лорд или дама од Минас Тирита и да добијат „ексклузивен пристап до сите делови на градот, вклучувајќи ги и приватните резиденции“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска