Ар Кели осуден за сексуална злоупотреба на малолетнички

Од:

Американскиот ар-ен-би музичар Ар Кели, познат по песната „I Believe I Can Fly”, денеска беше прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички. Неколкумина кои го тужеа пејачот, за време на судењето детално сведочеа за тоа како тој ги подложил на изопачени и садистички каприци кога тие биле малолетни лица.

Тој, инаку, со години ја избегнуваше кривичната одговорност за бројните наводи за недолично однесување кон младите девојки и деца.

Поротата составена од седум мажи и пет жени, како што јавуваат западни медиуми, го прогласи Ар Кели за виновен по два дена разгледување на случајот. Обвиненијата беа засновани на аргументи дека менаџерите и помошниците му помогнале на пејачот „да ги запознае девојките и да ги држи послушни и тивки“, што се претворило во криминално дејствие.

Би можело да ве интересира

Најкусите бракови на светската сцена

Ана Ололовска

Ли Кертис во борбата против стареење

Ана Ололовска

Бригит Нилсен за мајчинството во шестото десетлетие во животот

Ана Ололовска

Мел Би веќе пет недели се бори со коронавирусот

Ана Ололовска

Дру Баримор ја обожава сопругата на својот поранешен сопруг

Ана Ололовска

Џеф Бриџис: Покрај коронавирусот, ракот е шега

Ана Ололовска