Антарктик: Што крие изгубеното езеро?

Од:

Антарктичкото езеро Елсворт, откриено 1996-та година, се наоѓа под повеќе од 3 километри мраз, а се верува дека во потполност е изолирано од надворешниот свет најмалку 125.000 години, а можно е во изолација да поминало повеќе од милион години.

Екипа на британски научници се подготвуваат за единствен експеримент, преку кој со топла вода ќе пробијат тунел до езерото, ќе земат примероци од водата и седименти од дното, без да го контаминираат со честички од надворешниот свет.

Развојот на технологијата која ќе им го овозможи експериментот, траела цели 16 години, а дозвола добиле во 2009-та година.

Откако ќе пробијат тунел до езерото, научниците на располагање ќе имаат едвај 24 часа за да земат примероци, затоа што каналот по пробивањето, веднаш ќе почне повторно да замрзнува и тоа со брзина од 0.6 сантиметри на час.

Една од најголемите мистерии која би можела да биде разјаснета е прашањето може ли и каков облик на живот, да изржи апсолутен мрак, висок притисок, ниски температури и скоро никакви хранливи материи.

Би можело да ве интересира

НАСА: На Гренланд има доволно мраз за да го зголеми нивото на морињата за 7,5 метри

Ана Ололовска

Глобалното затоплување закана за потопување на крајбрежјата ширум светот

Ана Ололовска

Амазонска прашума исчезнува со огромна брзина

Ана Ололовска

Изумирањето на ајкулите е сигнал за уништување на Средоземното Море

Ана Ололовска

ВИДЕО: Откриено „езеро од лава“ кај Антарктикот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Затемнување на Сонцето над Јужна Америка

Ана Ололовска

Leave a Comment

three × two =