Анџелина Џоли ја престигна оскаровката Џенифер Лоренс и Крстен Стјуарт, и со заработени 33 милиони долари за една година дојде на прво место на најплатени актерки.
Џоли, која во 2014 година ќе се појави на големите екрани во филот на Дизни „Maleficient““ е најплатена холивудска актерка на списокот на Форбс, која минатата година заработи 33 милиони долари, пренесува Дневник хр.
„Maleficient“ е името на лошата самовила од Трнорушка. Дизни нагласува дека филмот ќе ги открие случувањата кои го зајакнале нејзиното срце и ја натерале на принцезата Аурора да го фрли проклетството.
Џоли ја претстигна Џенифер Лоренс, која дојде на второ место со 26 милиони долари, а Крстен Стјуарт е на трето место со 22 милиони.
На четврто место се наоѓа Џенифер Анистон, а на петто Ем Стоун. Меѓу најплатените актерки уште се наоѓа и Сандра Булок, Џулија Робертс и Мила Кунис.