Американски инфлуенсер осуден на 14 години затвор поради изнуда

Од:

Инстаграм-инфлуенсер од САД е осуден на 14 години затвор поради шема со која уценувал и принудувал интернет-корисници да се откажат од веб-домејни што тој сакал да ги поседува, соопшти американското Министерство за правда.

Роси Лоратио Адамс, со прекар Поло или Стејт Снепс, од 2015 година имал повеќе профили на Инстаграм и други платформи, додека бил на факултет на Државниот универзитет на Ајова. На нив обично имало спорни и сексуално експлицитни содржини, често со девојки од самиот факултет. Еден од Инстаграм-профилите имал 1,5 милиони следачи.

Проблемите започнале кога Адамс посакал да го купи хаштагот #DoItForState – во сопственост на Итан Дејо. Цената на домејнот doitforstate.com била 20.000 долари, па договорот, и по две години преговарање, не се случил.

Потоа Адамс прешол кон заплашување и закани. Прво – преку интернет, а потоа се појавил и на неговата врата…

Потоа, летото 2017 година, Адамс испратил свој роднина да провали во домот на Дејо и заради закана да му го предаде домејнот. Натрапувањето преминало во престрелка, при што Дејо е погоден во нога, а роднината на Адамс се здобил со неколку рани во пределот на градите. Обајцата преживеаја.

„Посреднкот“, покрај Адамс, исто така е осуден на затворска казна откако признал вина. Адамс е уапсен во април годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он