Американките сѐ поретко се одлучуваат на бременост

Од:

Поради коронавирусот, жените во САД сѐ поретко и сѐ помалку се одлучуваат на бременост и раѓање, посочуваат новите истражувања.

Во истовреме, испитувањата покажуваат дека на многу жени им е отежнат пристапот до контрацептивни средства периодов.

– Со воведување на мерките на ограничување, за релативно кратко време, пандемијата влијаеше на мислењето на многу жени, во однос на нивните одлуки за тоа кога би сакале да станат мајки и колку деца сакаат да имаат, смета д-р Лора Линдберг.

Истражувањето опфати околу 2.000 сексуално активни жени. Анкетата е спроведена во првата недела од мај годинава, кога речиси цел свет беше во домашна изолација.

Една третина од испитаничките укажале стремеж за одложување на планираната бременост или за помал број деца. Тоа, особено кај жените од американските малцинства, честопати поради финансиски проблеми. А, многу од жените, без оглед на која општествена група припаѓаат припаѓаат, посочија дека се соочуваат со потежок пристап до контрацепција. Поради пандемијата, истите проблеми се јавуваат и кога жените сакаат да одат на лекар.

Овој тренд би можел да доведе до опаѓање на наталитетот, сметаат научниците.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска