Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Од:

Американецот Џастин Ренел Џозеф пред Суд на Менхетен поднесе тужба против Музејот за модерна уметност (МоМА) во Њујорк, поради четири музејски поставки на кои Исус Христос е прикажан со „нагласено бела кожа и руса коса“.

Џозеф подесе тужба против Музејот поради четири слики, за кои тврди дека се дискриминаторски, затоа што на нив „синот Божји“ е прикажан како „Ариевец“.

Според „Њујорк пост“, 33-годишниот маж смета дека делата „Распетие“ на Франческо Граначи, „Чудо на лебови и риби“ на Тинторето, „Воскресение“ на Перудино и „Светото семејство со ангелите“ на Себастијано Ричи, претставуваат кршење на Законот за граѓански слободи од 1964 година, со кој се забранува секој вид дискриминација врз основа на раса и боја на кожата.

Џозеф истакнува дека сликите „не се верен приказ на Исус Христос“, кој, според него, имал „црна густа коса и темна боја на кожата“, а не „ариевски тен и коса“ со какви го насликале старите италијански мајстори во своите дела.

– Уметниците целосно ја променија расата на Исус Христос за да се задоволи естетскиот вкус на белите луѓе, наведува Џозеф во тужбата, додавајќи дека таквиот приказ кај него предизвикал „силно чувство на отфрленост и невклопување во општеството“.

МоМА, од своја страна, соопшти дека во времето кога настанале делата, било обичај уметниците да ги сликаат своите ликови по примерот на своите сограѓани и дека тој феномен е присутен во многу култури.

Би можело да ве интересира

Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Ана Ололовска

ФОТО: Пожарникари во Австралија спасиле човек заглавен во машина за перење

Ана Ололовска