Америка го „затвора“ ТикТок бидејќи Вашингтон се плаши од оваа социјална мрежа

Од:

Американските федерални агенции треба да се погрижат нивните уреди повеќе да ја немаат апликацијата „TikTok“ и имаат 30 дена да го сторат тоа, објави Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа.

Американските членови на Конгресот сметаат дека апликацијата во сопственост на кинеската компанија „Бајт денс“ е закана за националната безбедност и ја забраниле нејзината употреба на уредите на своите вработени на гласање на крајот на декември.

Наредбата на канцеларијата на Белата куќа е спроведување на тој закон, кој беше ратификуван од претседателот Џозеф Бајден на почетокот на јануари.

Директорката на канцеларијата, Шаланда Јанг, во меморандум побара од американските владини агенции да ја прекинат и забранат инсталацијата на апликацијата на нивните уреди или уреди што ги контролираат и да забранат „интернет врски“ од нивните уреди со апликацијата.

Забраната не се однесува на американските субјекти независни од федералната влада или на милиони поединци кои користат TikTok.

Американската унија за граѓански слободи (ACLU) го осуди новиот закон велејќи дека тоа е забрана за „TikTok“.

„Конгресот не треба да цензурира цели платформи и да ги лиши Американците од нивното уставно право на слобода на говор и изразување“, рече главниот советник за политика на ACLU, Џена Левентоф.

„Имаме право да користиме Тикток и други платформи за да ги споделиме нашите мисли, идеи и ставови со луѓето во земјата и ширум светот“, додаде таа, пренесе Бета.

Западот сè повеќе ја испитува популарната платформа за кратко видео, плашејќи се дека Пекинг би можел да добие пристап до корисничките податоци ширум светот.

Забраната на американската федерална влада уследи неколку дена по сличната одлука на Европската комисија, која ја забрани апликацијата „ТикТок“ од својот персонал за да ја „заштити“ институцијата.

Канадската влада, исто така, вчера објави дека ќе го забрани TikTok на мобилните уреди што ги обезбедува на својот персонал, наведувајќи го „неприфатливото ниво на ризик“ за приватноста и безбедноста.

„TikTok“ е меѓу забранетите апликации во Индија од 2020 година.

Со повеќе од милијарда активни корисници ширум светот, TikTok е шестата најкористена социјална платформа, според најновиот извештај на We Are Social, кој го следи развојот на дигиталниот сектор, објавен во јануари.

„TikTok“ во ноември призна дека некои од неговите вработени во Кина можеле да пристапат до податоците на европските корисници, а во декември призна дека вработените ги користеле тие податоци за следење на новинарите. Сепак, групата негира дека кинеската влада има каква било контрола или пристап до нејзините податоци.

Би можело да ве интересира

Најгледано видео на ТикТок во 2023 година

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси познат тиктокер за семејно насилство: Осомничен е дека ја нападнал својата партнерка

Фрицханд: Забраната на Тик-Ток ќе има краткорочен ефект, на децата треба да им се објаснува за да ја разберат причината

ТикТок анестезиологот Дервиши остана без лиценца

Горан Наумовски

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик-Ток“

Горан Наумовски

Осум деца се повредени во опасниот предизвик на TikTok наречен „крвни пари“