Алкохолот го спречува опоравувањето од трауматичните настани

Од:

Хроничното опивање доведува до ослабување на когнитивните центри кои ги контролираат емоциите. Зачестеното опивање може да доведе до „куршлус“ во мозокот и тешко опоравување од трауматските доживувања во животот. Испитувањата спроведени на Универзитетот во Северна Каролина биле изведени врз глувци што земале алкохол во текот на еден месец.

Другата група на глувци не добивала алкохол, а двете групи биле тренирани да почувствуваат страв од одреден звук придружен со пуштање на благи електрични шокови. Кога се пуштал звукот повеќе пати без електричен шок, глувците од „трезната“ група престанале да се плашат, а „алкохоличарите“ глувци и понатаму се плашеле иако подолго време не добивале струјни удари.

Научниците утврдија сличност помеѓу ваквите резултати кај глувците и луѓето со посттрауматски синдром. Резултатите се објавени во списанието „Nature Neuroscience“.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска