Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој го крена жирито на нозе со својата изведба во музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ и официјално стана дел од најголемата српска продукција „Гранд“.
Имено, харизматичното момче кое со својот неверојатен талент за пеење успеа да го воодушеви целиот регион, потпиша договор на 9 години со „Гранд“ продукција.
Во наредните 9 години продукцијата „Гранд“ во целост ќе се грижи за кариерата и имиџот на Хасановиќ, а младиот пејач за сите свои активности ќе мора да бара одобрение од својот нов менаџер, Саша Поповиќ.