Актерот Славко Штимац е во болница, има Ковид-19 и пневмонија

Од:

Српскиот актер Славко Штимац пред десетина дена бил примен во болница со симптоми на Ковид-19, а бил задржан на лекување откако било утврдено дека има воспаление на двете белодробни крила.

60-годишниот Штимац, кој играше во некои од најкултните филмови од југословенската кинематографија во 70-те и 80-те години на минатиот век, е сместен во воено-медицинскиот центар „Карабурма“ во Белград, а во изминатите денови бил на кислородна поддршка, јави агенцијата Танјуг, повикувајќи се на луѓе блиски до актерот.

За среќа, велат изворите, неговата здравствена состојба не барала тој да биде сместен на интензивна нега. Според извештаите, Штимац речиси закрепнал од пневмонијата и за неколку дена се очекува да биде пуштен дома.

Актерот е надвор од животна опасност, додаваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати