Актерот Елба позитивен на коронавирус, прекинати снимањата филмови ширум светот

Од:

Британскиот актер Идрис Елба вчера објави дека е позитивен на новиот коронавирус, поради што е во самоизолација.

Тој истакна дека нема никакви симптоми.

– Се чувствувам добро, засега немам никакви симптоми, но сам се изолирав. Останете дома и бидте прагматични. Ќе Ве известувам како сум… Без паника, напиша Елба.

По објавата на Елба филмските студиа објавија дека го прекинуваат снимањето ширум светот.

Студиото „Варнер Брос“ вчера најави дека прекинува снимањето на четвртото продолжение на „Матрикс“, како и третото продолжение на „Fantastic Beasts and Where to Find Them“.

И студијата „Јуниверзал пикчрс“, „Нетфликс“ и „Дизни“ исто така ги прекинуваат снимањата.

Во истовреме Том Хенкс излезе од болница, каде беше сместен во изолација откако се зарази со новиот коронавирус. Неговата сопруга Рита Вилсон се уште е во болница.

Хенкс беше првата холивудска ѕвезда, која соопшти дека е заразен со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Вакцината против Ковид-19 како „јавно добро“- нова иницијатива од СЗО и повеќе држави

А1он

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Во САД над 51,7 милиони родители ги загубија приходите за време на пандемијата

А1он

ОН: Помош за Јемен да се избори со војната и коронавирусот

Ана Ололовска

Јоану: Кипар е единствена земја во ЕУ со тестирани 12 отсто од населението за Ковид-19

Ана Ололовска

Јужна Кореја: Нови жаришта на коронавирус ги враќаат укинатите мерки

Ана Ололовска