Администрацијата која се грижи за гробиштата во Прага, за да успее да ги одржува гробовите на познатите личности започна една необична идеја, да ги даде вечните почивалишта на великаните на посвојување.
На овој начин, компанијата се обидува да го запре уништувањето на познатите историски споменици чие одржување чини многу и за што најчесто тешко се наоѓаат средства, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Меѓу гробовите кои се нудат на „посвојување“ се наоѓаат гробови на познати писатели, поети, музичари, сликари, актери и историски личности.
Се нудат две опции за посвојување. Првата е да се направи закуп на значајната гробница во целина, со што тогаш оној кој ја најмил ќе плаќа кирија и ќе биде обврзан да ги надокнадува сите потребни поправки.
Втората опција е давање донации од повеќе посвоители кои ќе се користат за реставрација и одржување на гробот.