Адвокат со пиштол влегол во собата за магнетна резонанца, починал

Од:

Бразилскиот адвокат кој со пиштол влегол во болница со магнетна резонанца, починал по несреќа во која бил застрелан во стомакот.

40-годишникот не му кажал на болничкиот персонал дека има пиштол со себе иако му било кажано да ги извади сите метални предмети пред да влезе во собата.

Пиштолот пукнал откако бил во магнетното поле на уредот, а куршумот го погодил човекот во стомакот. Адвокатот почина на 6 февруари во болницата Сао Луис Морумби.

Леандро Матиас де Новајес исто така беше активист за правото на носење оружје. Своите ставови ги промовираше на Инстаграм и ТикТок каде го следеа 12.000 луѓе.

Претставник на болницата рече дека вработените ги почитувале сите протоколи за спречување несреќи.

„И пациентот и неговиот придружник беа соодветно поучени за постапката за пристап до просторијата за преглед и предупредени да ги отстранат сите метални предмети“, рече тој.

Од болницата велат и дека адвокатот не го спомнал огненото оружје и „по сопствена одлука“ го внел пиштолот во просторијата за преглед.

Од полицијата потврдија дека оружјето е регистрирано, а адвокатот имал важечка дозвола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски