Acer го најави својот нов смартфон Ликвид С2, што може да снима видео записи во 4К резолуција, кој ќе биде претставен на ИФА саемот во Берлин.
Станува збор за прв смартфон на пазарот што овозможува снимање со 3840х2160 резолуција. Најголем успех претставува фактот што Acer успеале да вградат таков сензор во уред со димензии на обичен смартфон.
Acer Ликвид С2 има екран од 6 инчи во ФулХД, камера со 13 мегапиксели и прстенест ЛЕД блиц на задниот дел и предна камера со 2 мегапиксели. За снимањето во 4К да биде перфектно е задолжен четиријадрен Снапдрагон 800 процесор со 2,2 Гигахерци и 2 ГБ работна меморија.
Новиот смартфон на Acer ќе поддржува 4Г врска и ќе има батерија со капацитет од 3.300 мАч.
Телефонот се очекува во продажба кон крајот на октомври.