Нов начин за пречистување загадени води

Од:

Руската академија на науките, со свои колеги од Утаранчал универзитетот во Индија, пронајдоа метод за пречистување отпадни води со помош на водни микроби. Тестовите во индиската река Биндал се успешни, соопшти РАН.

– Биолошката анализа на водата покажа дека е прилично загадена со тешки метали – олово, железо, никел, цинк и други метали, како и вредни бактерии, органски животински и човечки отпадоци. Тие загадувачи се штетни за луѓето, животните, а таа вода е непогодна и за земјоделието, изјави раководителот на индиската научна група, д-р Кумар.

Во првата фаза на експериментот се користени неколку десетици литри загадена вода, и ги поставиле во неа микробите. Резултатите говорат за намалување на бројот на бактерии и ешерихија коли за 90 отсто, на органски и неоргански соединенија (исто – за 90 отсто), како и намалување на алкалноста и тврдоста на водата (за 70 проценти).

Во втората фаза планирана за 2020 година, се предвидува пречистување на повеќе од 10.000 литри вода од реката. Целта е водите да се пречистат до степен рибата таму да може да се одгледува постојано, како и искористување на методот во други загадени водни површини во светот.

Се најавува и спроведување на експериментот на места со постудена клима.

Би можело да ве интересира

Без вода корисниците од село Рашче

Ана Ололовска

Прекинато водоснабдување во дел од Кисела Вода

Ана Ололовска

Без вода улица „Димо Хаџидимов“ и дел од „Божидар Аџија“

Ана Ололовска

Бектеши: Нема поевтина струја за водоводните претпријатија што ќе ја покачат цената на водата

Орце Костов

Без вода корисници на улицата „Златко Шнајдер“

Ана Ололовска

Човек кој сaкал да ги прочисти синусите починал поради нечиста вода