3Д божиќен говор на кралицата Елизабета

Од:

Кралицата Елизабета првпат во 3Д техника го одржа нејзиниот традиционален говор по повод Божик, во кој оддаде почит на спортистите на Олимписките и Параолимписките игри и им се заблагодари на Британиците за свеченостите за нејзиниот јубилеј.

Секој 25 декември, од кога стапи на престолот, освен во 1969 година, кралицата се обраќа до Обединетото Кралство и Комонвелтот. Но оваа година, кога го прослави дијамантскиот јубилеј (60 години владеење), Бакингам сакаше да направи нешто посебно и тој говор е објавен во 3Д техника.

Тие кои немаат соодветен телевизски приемник можеа да ја видат кралицата во стандарден формат. Таа им заблагодари на искажаното заедништво и пријателство во текот на прославата на дијамантскиот јубилеј.

Вчера изутрина Елизабета во Сандрингам беше на божиќна миса со нејзиното семејство, но без Кејт и Вилијам.

Би можело да ве интересира

Новата 2020 година престапна, за некои суеверие, за некои двојна радост

Ана Ололовска

Над 60.000 граѓани ја дочекаа Новата 2020 година во Скопје со спектакуларно шоу на Дино Мерлин

Ана Ололовска

ВИДЕО: Светот ја дочека 2020 година весело и со огномети

Ана Ололовска

ВИДЕО: Њујорк спектакуларно ја дочека 2020 година

Ана Ололовска

Не е сè толку црно: Шест причини за оптимизам во 2020 година

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Меркел: Дваесетите години од 21 век може да бидат добри години

Leave a Comment

four × five =