170 милиони евра на евролотаријата одат на конто на Французин

Од:

Третата по ред најголема премија откако е воведена лотаријата Евро Милион во износ од 169.837.010 евра оди во џебот на само еден играч, кој ливчето го уплатил во Франција поточно во департманот Алпе-Маритим, јави дописникот на МИА од Париз.

Со речиси 170 милиони евра, тоа е најголема добивка во историјата на француската лотарија, со што добитникот влегува на листата од 250 најбогати Французи.

Играчот засега останува анонимен и со својата добивка, ако сака да ја потроши веднаш може да купи четири тона злато, стотини вили во Сант Тропе или два Ербаси А 320.

Добитникот во Франција нема да плати данок врз приход со оглед дека станува за лотарија, но тој ќе треба да и остави на даночната служба неколку милиони евра за такси и данок за богатство.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Во американската игра на среќа беше извлечена награда од 1,13 милијарди долари

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право