13 необични навики на Трамп: Јаде чизбургер во кревет, опседнат е со косата и сака златни вц-шолји

Од:

Доналд Трамп беше првиот претседател на САД во последните 130 години кој немаше куче. Неговите твитови се невообичаени и чести. Тој, исто така е претпознатлив по чудните поздрави и ракување со луѓето кое предизвикува забуна и голема доза на хумор.

Но, тоа не е најчудната работа што може да се каже за Доналд Трамп, затоа што тој има 13 необични навики.

Ги кине важните документи
Според законот, Белата куќа мора да ги чува документите на претседателот, но Трамп не можел да се отргне од старата навика да ги кине важните документи откако ќе ги прочитал, ги фрлал документите на подот. Ова значи дека тогаш тим од луѓе требало да го поминува целиот ден во составување, редење и лепење на овие парчиња назад во нивната оригинална форма.

Ги поместува работите околу масата
Многу снимки покажуваат дека секогаш кога Трамп седнува на маса за време на состанок, тој секогаш ги движи предметите пред него кон центарот на масата, без разлика дали станува збор за чаша диетална кока-кола или други предмети. Кевин Волкан, професор по психологија, рече дека овој потег открива вознемиреност, потреба за контрола и чувство на досада кога разговорот води кон теми кои не го засегаат него како личност.

Со двете раце држи чаша вода
Интернетот „полуде“ минатиот декември кога Трамп зеде чаша вода со двете раце ја испи додека зборуваше за новата безбедносна стратегија на телевизија, во живо. Американските медиуми го окарактеризираа неговиот потег како втор пример каде Трамп „изгледа како дете“.

Јаде чизбургер во кревет
Зависноста на Трамп од брзата храна е добро позната. Американскиот новинар и писател Мајкл Волф откри во својата книга за Трамп и настаните во Белата куќа дека претседателот сака да ги поминува вечерите гледајќи телевизија додека јаде чизбургер во кревет.

Тој пие до 12 диетални Кока-кола на ден
Луѓето беа шокирани кога „Њујорк Тајмс“ објави дека Трамп пие до 12 диетални кока-коли во еден ден.

Бизарна причина зошто сака да јаде брза храна
За разлика од повеќето луѓе, Трамп не е љубител на брза храна затоа што е вкусна (покрај тоа што е нездрава), но затоа што верува дека начинот на која се прави и пакува оваа храна е похигиенски.

Никој не смее да го допира далечинскиот управувач
Продолжувајќи ја својата опседнатост со чистотата, Трамп во книгата „Уметноста на враќањето“ истакна дека ги мие рацете „што почесто“, а таму се наведува дека во никој случај не го притиска копчето за приземје во лифтот, бидејќи тоа е копчето што најчесто се користи – и затоа има најмногу бактерии.

Во спалната соба има три телевизори                                                                                        Многумина тврдат дека Трамп сака да биде во кревет (таму каде што јаде чизбургер) до 18:30 часот, каде ги гледа сите три телевизори и ги повикува своите пријатели на телефон. Извори за „Њујорк Тајмс“ тврдат дека тој гледа телевизија најмалку четири часа на ден, а понекогаш таа бројка достигнува и осум часа.

Трамп е опседнат со ајкули
Американската порно актерка Сторми Дејвис, чие вистинско име е Стефани Клифордс, објави книга каде го спомна Трамп, откако изби скандал дека таа има афера со него.Во една од приказните, таа тврди дека Трамп ја поканил во хотелска соба за време на турнирот за голф во Невада во 2006 година. Кога пристигнала, го пронашла Трамп како ја гледа „Недела за ајкулите“ на каналот „Дискавери“.

Тој е опседнат со својата коса
Фризурата на Трамп е позната низ целиот свет исто како и самиот Трамп, но и покрај бројните шеги на сметка на неговата коса, тој ја сфаќа својата руса коса прилично сериозно. Тој помина голем дел од својата кампања во 2016 година жалејќи се дека лаковите за коса не се како што биле порано.

Јаде пица со вилушка и нож
Ништо не ги полудува Њујорчаните повеќе од тоа кога ќе видат како некој јаде „правилно“ пица, пренесуваат американските медиуми. И, според нив, никогаш не треба да јадеме пица со вилушка и нож, туку само со раце! Трамп, кој, како што веќе споменавме, се плаши од бактерии и инфекции, дефинитивно никогаш нема да го стори тоа.

Ги мрази медиумите
Трамп, наводно, својот ден го започнува гледајќи многу негативни вести за него на телевизија, а потоа се фокусира на весниците каде што со пенкало подвлекува невистинити приказни за него. Поради тоа, Трамп има бесни испади во врска со „лажните вести“ што ги напаѓа подоцна на неговиот профил на „Твитер“.

Сака златни вц-шолји 
„Њујорк Тајмс“ тврди дека Трамп „има чудна навика да покажува бањи, вклучително и онаа што ја реновираше во близина на Овалната соба“.Трамп наводно е и љубител на вц-шолји и тоа златни, што беше потврдено кога тој побара од музејот Гугенхајм да ја „позајми“ сликата на Ван Гог со тоа што за возврат понуди чиста златна тоалетна школка наречена „Америка“.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД