11 здрави зачини што задолжително треба да ги имате во вашата кујна

Од:

Овие се 11 здрави зачини што ви се потребни во вашата кујна:

Куркума

Куркумата е користена илјадници години со цел да третира најразлични болести како артритис, болките во зглобовите, диабетисот, дигестивните проблеми и канцерот. Куркумата содржи активен елемент наречен curcumin, кој може да го спречи ширењето на канцер, може да превенира при појава на дијабетис тип 2 или да се бори против воспалението во вашето тело. Неговата примена е широка, може да го користите во јадења, како сос дури и во смути.

Розмарин 

Розмаринот е силен хербален лек, тој е поврзан со ментата. Лесен е за чување во домашни услови, и може да се користи како исушена или свежа намирница додека готвиме дневен оброк. Содржи полифеноли кои се поврзани со анти-канцер ефектите и исто така делува позитивно врз дигестивниот систем, го стабилизира крвниот притисок и ја подобрува меморијата. Препорачливо е да ставите едно гранче розмарин во маслиновото масло заради збогатување на истото со ензими.

Црн бибер 

Црниот бибер е здрав зачин кој ги стимулира дигестивните ензими на панкреасот, што ја подобрува апсорпцијата на храна. Научно е потврдено дека содржи анти-туморозни и анти-мутациони својства. Делува одбранбено спрема оксидативното оштетување од страна на слободните радикали благодарени на неговата антиоксидативна активност во телото. Додадете го во салатата, месото, супата, нема да зажалите!

Оригано 

Овој зачин е богат со витамините: А, Ц, Е и К, во помали количини содржи и растителни влакна, фолат, витамин Б6, железо, калциум, магнезиум и потасиум. Како и претходните, така и ориганото содржи антиоксиданти и научно е докажано дека има анти-воспалителни карактеристики. Можете да го користите во секое јадење, неговиот вкус само ќе го збогати квалитетот на вашата исхрана.

Морско оревче

Морското оревче покрај тоа што има сладок вкус, може да превенира во создавање на кариес. Исклучиво има силно влијание во усната шуплина бидејќи ги елиминира бактериите и се бори против микробите. Неговите својства помагаат да не се создаде плаг и заболување на забите. Според некои експерти може да дејствува превентивно во случај на појава на туморозни клетки во организмот.

Папарка или Црвен пипер 

Црвениот пипер е дел од фамилијата на пиперки, која содржи благи пиперки, лути зелени пиперки и лути црвени пиперки. Пиперките се познати по своето антиоксидативно својство. Една лажица на црвен пипер содржи 36% од препорачаната дневна доза на витамин А и исто така содржи околу 1.4 милиграми на железо.

Ким 

Често опишан како зачин кој ја прави мексиканската храна да биде многу вкусна. Неговите компоненти помагаат при превенција од дијабетис и канцер. Може да се конзумира во сите дневни оброци а посебно во супа, пржен или варен зеленчук како и во тестенини.

Кари

Содржи идентични елементи како куркумата, но најмногу е присутен куркуминот кој е моќен антивоспалителен елемент. Експертите тврдат дека се работи за зачин кој е 50 пати поефикасен од витамините Ц и Е. Неговото дејство може да спречи појава на канцер на дојката, стомачен и колоректален канцер.

Ѓумбир

Благодарение на неговите антиоксидативни и антивоспалителни својства, ѓумбирот е способен во менаџирање и превенција на различни болести. Користен уште во античкиот период, спасувал многу човечки животи. Од обична настинка до сериозни инфекции во телото. Препорачливо е да го конзумирате барем два пати дневно особено додека го пиете вашиот чај.

Цимет

Циметот е навистина здрава намирница која треба да ја имате во вашата кујна. Традиционално, циметот е користен за различни дигестивни проблеми и инфекции. Тој успешно го регулира крвниот притисок и нивото на холестерол. Додадете го вашата секојдневна исхрана, се препорачува да се користи заедно со мед и ореви.

Лук 

Иако технички, лукот не припраѓа во зачини освен ако не се работи за лук во прав. Различни негови соединенија се опфатени во различни клинички и експериментални студии. Лукот се користи како суплемент за лекување на холестеролот и може успешно да го менаџира крвниот притсок. Покрај тоа, лукот може да ги уништи клетките на ракот. Студиите сугерираат дека една или две чешниња лук неделно не заштитуваат од појава на канцер.

 

 

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов