Заев пред состанокот во СДСМ: Ќе разговараме за актуелните политички случувања

Од:

Пред почетокот на Централниот одбор на СДСМ, Зоран Заев изјави дека тема на партискиот состанок ќе бидат актуелните политички случувања. Тој не прецизира за што конкретно ќе зборуваат, но рече дека ќе дискутираат за партиски теми како изборот на претседатели на партиските комисии.

„Ќе разговараме за изборот на претседатели на комисиите. Извршниот одбор утврди, сега централниот. Ќе го соопштиме изборот на новата координаторка на Форум на жени. Ќе дискутираме за актуелните политички случувања и идите теренски активности на партијата.“, рече Заев.

Тој додаде дека денес нема да разговараат за потпретседатели на партијата затоа што се уште немаат донесено одлука кои ќе бидат.