(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни

Од:

„Зоран Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни. Зоран Заев ги крие бидејќи се високи функционери и негови блиски соработници кои доколку се соочат со правдата може и самите да почнат да говорат за криминалите на нивниот шеф. Овие два лика, според информациите во јавноста, директно се поврзуваат со аферата за организирано рекетирање заедно со приведениот Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Еве да им помогнеме на органите на прогонот и на Зоран Заев да се сетат кои се Кики и Фрики. Нашите информации велат дека двајцата имаат пратенички имунитет и дека се дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија“, рече Валентин Манасиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Јавното обвинителство продолжи да глуми дека не е од тука и дека не ги знаат Кики и Фрики, тогаш постои сериозна опасност дека ќе земат уште поголем залет за да си го наплатат стресот и вознемирувањето.

Кики и Фрики, Вимблдон заврши, а светски рекет број 1 остана Новак Ѓоковиќ. Сте запнале да го надминете во пресрет на УС Опен ама малку сте се збуниле. Подобро пробајте во мешани двојки ама на тениски терен.

Рекетот користете го за тенис, а не за изнуда на пари. Не и треба на Македонија рекет број 1 како вас, Зоран Заев или Боки 13. Ова е РЕКЕТ, ама целосно легален и дозволен.

Овој РЕКЕТ им го оставаме и очекуваме дека ќе го користат правилно и со тоа ќе го подобрат своето психо-физичко здравје, а за досегашното практикување на рекетот ќе им се суди без можност за челинџ, бидејќи ги истрошија сите кредити“, изјави Валентин Манасиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024