ВИДЕО: Обезбеден интернет за децата од социјално-загрозените семејства кои треба да следат онлајн настава

Од:

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата од основните и средните училишта да можат да ја следат наставата он-лајн до крајот на школската година. „Телеком“ потпиша договор со Министерството за информатичко општество и администрација за донација на овие картички, а дистрибуцијата ќе биде преку Минситерството за труд и социјална политика.

„Сега е важна солирадрноста. Важна е дигиталната трансформација. Така ќе се испорачуваат сите услуги до сите граѓани. Договорот со ‘Телеком’ се овозможува наставата во основните и средните училишта да е достапна за сите. Имајќи во предвид дека имаме деца кои не можат да ја следат од далечина, се наметна потребата да им помогнеме. ‘Телеком’ донира 18 илјади и 400 картички за достапност на интернет. Дистрибуцијата на картичките до социјално загрозените семејства ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. На овој начин обезбедуваме интернет за секое дете. Ова се вонредни времиња и потребна е вонредна помош“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Директорот на „Телеком“ посочи дека главната цел е да се обезбеди еднакви услови на сите деца кога во прашање е он-лајн наставата.

„Еден од најголемите приоритети е да се обезбеди непречено образование на децата. Не сите деца можеа да учат од далечина. Иако сме земја со фиксен интернет, околу 18 илјади и 400 домаќинства не можеа да ја следат наставата. ‘Телеком’ донира мобилен интернет за основци и средношколци за да ги следат наставните програми до крајот на учебната година. Ова е чекор напред за да се обезбеди еднакви услови за дигитална настава за сите деца. Вклучувањето на ранливите категории во дигиталното општество не е ново“, рече Никола Љушев , директор на „Телеком“
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на прес-конференцијата рече дека со ова се решава прашањето за пристап до интернет на социјално загрозените семејства.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски