Утврдени неправилности во „Скрин лаб“ кои на скопјанка со две дози на „Фајзер“ не ѝ открија антитела: издавале резултати без печат и потпис од лекар

Од:

По вонредниот инспекциски надзор во биохемиската лабораторија „Скрин лаб“ – „Павлина“, Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил неправилности во работењето. Вонредниот надзор беше по претставка од скопјанка на која со примени две дози од вакцината на „Фајзер“ оваа лабораторија не ѝ откри антитела кои друга лабораторија ги откри.

„При надзорот беа констатирани неправилности при работењето на лабораторијата во однос на отстапување од дозволата за работа издадена од Министерството за здравство и во однос на издадени резултати од извршени лабораториски анализи без потпис на доктор и печат на здравствена установа“, велат од Инспекторатот за „А1он“.

За констатираните неправилности, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе преземат мерки со цел утврдените неправилности да бидат отстранети во најкус можен рок.

При надзорот инспекторите констатирале и дека ПЗУ „Павлина“ има покренато постапка во Министерството за здравство за промена на статусот на здравствената установа, која е во процедура.

Управителот и основач на „Скин лаб“ – „Павлина“, Јордан Петров, за „А1он“ рече дека резултатот на скопјанката која се пожали за неточни резултати од анализата бил во рамки на дозволена грешка оти китовите со кои работат биле со прецизност од 98 отсто, но не ја отфрли и можноста пациентката да ги развила антителата еден ден подоцна, кога го повторила тестот во друга лабораторија.

Случајот во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во Министерството за здравство и во Институтот за акредитација на лаборатории го пријави синот на тестираната скопјанка, Мартин Ефремов. Тој за „А1он“ раскажа дека заедно со мајка му се тестирал и тако му, кој, пак, прележал Ковид-19, но во „Скрин лаб“ и кај него не нашле антитела. Откако се посомневале во точноста на добиените резултати, неполни 24 часа по првиот тест, двајцата го повториле тестот во друга лабораторија во која им било потврдено присуство на антитела.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска