Тот можел да преживее, падот од ударот му пресудил

Од:

Доколку ракометарот Денис Тот, немал повреда на рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Ударот и падот кај Тот се случуваат кога Анџело Ѓорѓиевски му задава удар со бокс, по што сега починатиот паѓа на земја. Докторот Станков, вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“.

dobivaj vesti na viber

„Доколку ја немал повредата на рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал многу поголеми шанси да преживее, отколку кога би ја имал повредата на рбетниот мозок“, кажа Станков.

Тој објасни дека сите повреди кај Тот се здобиени преку удари.

„Повредите со кои се здобил Денис Тот се повреди кои се настанати под тапа сила, крвни подливи во пределот на лицето, со скршување на десната страна од носната коска, крвни подливи на меката поглавина… нагмечување на големиот мозок, нагмечување на вратниот дел од рбетниот мост односно високо во близина на продолжението мозок“, додаде Станков.

Ударот во главата во тврда површина, бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

„Како причина за смрт, наведено е дека смртта настанала поради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок. Меѓутоа, како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целовкупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од рбетниот мозок“, објасни докторот и вештак.

Тој дообјасни како станале повредите од тапа-тврда сила, кои можат да настанат од удар, при пад, при судар доколку телото и објектот се движат еден кон друг.

„Нагмечувањето на мозочното ткиво настанале заради делување на сила во пределот на тилната регија на главата, а тоа се случило при падот. Додека пак, повредата на почетниот дел на рбетниот мозок е настаната поради ротационите движења на главата предизвикани од ударите во пределот на главата“, додаде Станков.

Ниту побрза реакција на докторите од Итната медицинска помош и Клиничкиот центар, немало да го спасат Денис Тот, посочи докторот и вештак Станков.

„И со таа повреда што ја има на рбетниот мозок, не верувам дека некој ќе го спасил. Таа не се оперира. Притоа има повреди на големиот мозок, како заради повредите, така и поради престанок на работата на срцето па и дишењето, поврзано со повредите кои се зададени. Третманот кој му е пружен на сега покојниот би се пружил и ако веднаш се видени тие повреди. Доколку преживеел подолго време и му била направена втора компјутерска томографија, тогаш сигурно би се виделе овие повреди“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Адвокатот на Анџело: Нема убиство на Денис Тот, предлагаме ослободителна пресуда

Кристијан Ландов

Обвинителката убедена дека го докажала убиството на Тот: Огласете ги за виновни

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатот на Анџело за сведочењето: Се работи за обична тепачка, недоразбирање

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Сведок раскажа што се случувало во таксито пред Тот да биде убиен: Од пцуење до замавнувања и удари

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Психијатар во судницата: Анџело бил нападнат од Тот, тоа предизвикало страв и надразнетост

Кристијан Ландов

Снимките откриваат како Тот е претепан до смрт: Анџело ги броеше ударите, Андреј со насолзени очи во судница

Кристијан Ландов