Стружани даруваа крв за повредените во автобуската несреќа во Албанија

Од:

Граѓани од Дебар, Струга, и неколку градови од Македонија од вчера даруваат крв за повредените во автобуската несреќа која се случи во близина на албанскиот приморски град Химара.

Заминувањето на граѓаните од пограничните градови со Албанија беше во организација на Хуманитарната организација Ел Хилал, која има свои канцеларии во повеќе градови во Македонија.

Секогаш треба да сме тука со наште браќа, со нашите комшии и да си помагаме секогаш кога ќе има потреба од такво нешто. На семејствата на загинатите им изразуваме длабоко сочуство додека на повредените им посакуваме побрзо закрепнување рече граѓанин на Струга кој даруваше крв.

Иако има доволно единици крв барем за сега, се најавува дарување крв од наши граѓани и наредните денови.Инаку во автобуската несреќа загинаа најмалку 12 лица студенти, а 25 се повредени кога автобусот излетал од патот и паднал во амбис во близина на албанскиот приморски град Химаре, 220 километри јужно од Тирана.

[nggallery id=8]

Мики Трајковски

 

 

Би можело да ве интересира

На преминот „Блато“ спречен шверц на десетици дози кокаин

Двајца македонски државјани вмешани во шверц на марихуана од Албанија за Косово

(ВИДЕО) Фудбалер на албанскиот клуб Игнатија почина на терен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Албански пратеник активираше димни бомби, говорницата беше блокирана со столчиња

(ВИДЕО) Албански пратеници се судрија со обезбедувањето, па преку прозори упаднаа во Собранието

Горан Наумовски

Во Бугарија: Ученичка падна од вториот кат во училиште