ВИДЕО: Слики со Абази и челници на ДУИ испливаа во јавност, иако тој тврдеше дека нема контакт со никој од партијата

Од:

Фотографии на кои се гледа новиот шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал корупција Ислам Абази и челници на ДУИ, протекоа во јавност. На едната фотографија се гледа новоизбраниот шеф со Фихри Ахмети, брат на Али Ахмети, во опуштена домашна атмосфера, додека на другата тој е фотографиран со Невзат Бејта, член на ДУИ, експратеник и ексградоначалник на интегративците. Ова доаѓа откако Ислам Абази негираше поврзаност со партијата која 20 години е дел од секоја власт која раководи со Македонија.

„А1он“ го контактираше Абази, кого го прашавме каде се направени фотографиите, како и дали има честа комуникација со братот на Али Ахмети. Од него побаравме и објаснување каде е фотографиран со Невзат Бејта, како и дали често се дружи со него. Тој до моментот на објавување не одговори на прашањата, ниту пак, ја оспори автентичноста на фотографиите. Абази, го премолчи и прашањето дали дружењето со политички фигури е компромитирачко и носи сомнеж дека политички е инсталирани на функцијата.

Новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во неговото прво јавно појавување посочи дека тој со неговото досегашно работење не оставил простор да има впечаток дека тој има релации со политичка партија.

„Не е точно“, рече Абази прашан дали има блиски релации со Али Ахмети.

Прашан дали можеби се сретнал со Али Ахмети, бидејќи е негов соселанец од Зајас, Абази одговори: „Можеби и сме се сретнале“. Тој негираше дека има лични контакти.

Дополнително, одговори и на прашањето од „А1он“ дали има лични контакти со некој друг политичар од ДУИ, на што одговори: „Немам, немам“.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Министерот Лога се сретна со шефот на Обвинителството за организиран криминал за предметот за модуларната болница

Министерот за правда ги испрашува шефовите на Обвинителствата за случајот со модуларната во Тетово

Снаата на Абази била вработена во 2015, префрлена е во АЕК откако била со сопругот на дипломатска мисија

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Снаата на обвинителот Ислам Абази вработена кај Груби, па префрлена во АЕК

Катерина Ѓуровски