Полицајци сред епидемија си правеа журка со гласна музика, ЕБР уапси седуммина

Од:

Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика и викање, дознава „А1он“. Полицајците ги пријавиле жители на селото на кои им пречела бучавата, и кои биле револтирани што постојано се повторува дека МВР нема кадар за да се спреведуваат мерките против коронавирусот, а од друга страна ги кршат мерките и прават журки.

Станува збор за седум припадници на МВР, кои наместо да ја спроведуваат, со нивното однесување ја прекршиле забраната за собирање и групирање.

Според извори на „А1он“, на забавата имало околу 15 лица. Полицајците и цивилните лица присутни на забавата давале отпор при обид за нивно приведување, по што, била ангажирана и Единицата за брзо распоредување. Тие со лисици биле однесени во надлежната полициска станица. За случајот е известено и Обвинителството, кое сега, ќе треба да постапи да бара казна за непочитувањето на мерките.

Припадниците на полицијата со нивното однесување го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик и не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија, дело за кое во изминатиот период биле ангажирани да санкционираат доколку било направено од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески