По двегодишни најави, следната недела тендер за монтажни гаражи во Клиничкиот центар

Од:

Министерството за здравство следната недела ќе го распише тендерот за изградба на две монтажни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ по пат на јавно-приватно партнерство. Изградбата на двете монтажни гаражи како решение за хаосот со паркирањето во Клиничкиот центар две години е само во најава.

„Одлуката за јавно-приватно партнерство помина на Влада, подготвена е документацијата и следната недела ќе го распишеме тендерот. Очекуваме по завршување на административните процедури изградбата да оди бргу бидејќи се работи за монтажни објекти и до Нова година гаражите веќе да бидат ставени во употреба“, вели министерот Венко Филипче за „А1 он“.

Компанијата што ќе го добие тендерот ќе има обврска да ги финансира, дизајнира, да ги изгради, да ги управува и одржува двете гаражи.

На почетокот на месецот Синдикатот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ преку отворено писмо го потсети министерот Филипче дека не го исполнил ветувањето за изградба на гаражите.

„Господине министер, одамна истече времето за изградба на двете катни гаражи, како и за намалување на цената на паркинг-картичките или нивно укинување за вработените во Клиничкиот центар. Дали мислите дека вработените во Клиничкиот центар заборавија на Вашето ветување. Зарем мислите дека се намалил револтот. Не, туку ја изгубивте огромната доверба што ја имавте кај Вашите довчерашни соработници, се надеваме и понатамошни“, напишаа од Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче од Радовиш вети просечна пензија од 30 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов