Пендаровски попладнево ќе прогласи вонредна состојба

Од:

Претседателот на државата, Стево Пендаровски реши да прогласи вонредна состојба, дознава „А1он“. Според нашите информации денеска меѓу 14 и 16 часот попладне, преку обраќање на МРТВ кое веќе е закажано Пендаровски за воредната состојба јавно ќе соопшти со цел информирање на сите граѓани на нашата држава.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не потврдуваат, ниту демантираат дека ќе биде прогласена вонредна состојба.

Вонредната состојба е последица на состојбата со коронавирусот, како и зголемувањето на бројот на заболени. Според Уставот, оваа состојба може да трае најмногу 30 дена.

Ова е единствен начин кој го нуди Уставот за ефикасно справување со коронавирусот, при што, заради општо добро, Уставот дал можност да се ограничат слободите и правата на граѓанинот, односно да можат ефикасно да се спроведат мерките на Владата кои ќе бидат задолжителни за сите, без право на отстапки и ќе важат на територијата на целата држава.

„Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот“, се вели во Уставот.

Според највисокиот правен акт во нашата држава, во членот 125 пишува дека вонредната состојба може да се прогласи во случај на епидемии и непогоди.

Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување, штом тоа ќе е во можност да се состане.

Според толкувањето на правниците, оваа одлука станува на сила веднаш.

За прогласување на воредна состојба беше дискутирано и на вчерашната лидерска среба меѓу сите лидери на политички партии.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната лидерска средба рече дека ја наметнал потребата да се прогласи вонредна состојба, а пак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека треба да се прогласи вонредна состојба, но да се раководи според законот за кризни состојби.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска