Педесет гуми извадени од Вардар

Од:

Од коритото на Вардар денеска се извадени 50 автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.

Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.

Би можело да ве интересира

Вардар сè поблиску до испаѓање од Првата лига

Жарко Настоски

Тело пронајдено во Вардар во близина на Огњанци

Вардар елиминиран од Лигата на ракометните шампиони, вторпат загуби од Веспрем

Жарко Настоски

Маж исчезнал во водите на Вардар кај Фондот за ПИОМ

Жарко Настоски

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај гостиварско Чегране

Жарко Настоски

Шкупи и Вардар одиграа нерешено во дербито на колото во ПМФЛ