Oбвинители од СЈО ги користеле службените возила за приватни потреби

Од:

Разрешената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, непосредно пред истрагата „Рекет“ одлучила да не го продолжи договорот за службените возила кои биле земени под оперативен лизинг, меѓу другото и поради тоа што некои обвинителите од СЈО ги користеле овие возила за приватни потреби, дознава „А1он“ од извори во Обвинителството.

Нашите извори потврдија дека Јанева им посочила на обвинителите дека возилата што ќе останат во возниот парк на СЈО може да ги користат, но исклучиво за службени потреби и тоа со најава еден ден претходно.

Анекс на првичниот Договор за набавка на возила под оперативен лизинг

За ова сведочи и фактот што на 21 јуни годинава, Јанева склучила анекс на Договорот, со кој, СЈО во 2016 година зеде возила под оперативен лизинг. Јанева одлучила три месеци пред истекот на нејзиниот мандат, возилата кои се земени под лизинг да се вратат до 15 септември.

Анексот е склучен со „Еуроимпекс“, и важи за преостанатиот период од само 87 дена. Двете возила кои останале во возниот парк до истекот на овој Договор се „Пежо 508“.

Анекс на Договоорот со дел од техничката спецификација

Извори од СЈО за „А1он“ потврдија дека возилата биле вратени и дека Јанева одлучила да не го толерира однесувањето на некои од обвинителите на кои долго им прогледувала низ прсти, а тие ги користеле автомобилите за приватни потреби.

Некои од обвинителите, пак, за „А1он“ тврдат дека Јанева самата најмногу ги користела службените возила за приватни потреби. СЈО на почетокот на 2018 година зеде под оперативен лизинг и три возила „ситроен“ на период од 2 и пол години.

По преземањето на предметите од специјалното јавно обвинителство во републичкото јавно обвинителство, ексспецијалните обвинители на судските рочишта почнаа да доаѓаат без службените возила од СЈО.

Освен тоа, поранешната шефица на СЈО, во неколку наврати не им ги исплаќала високите надоместоци на обвинителите за доверливост и деловна тајна, кои ги добиваа заедно со основната плата и додатоците на плата за разни основи.

Причините за тоа не се познати, но Јанева го имала дискрециското право да одлучува кому од обвинителите колкав износ месечно ќе му додели. Износите за надоместоци биле различни, но речиси редовно ги надминувале основната плата и додатоците на обвинителите.

„А1он“ пред околу три недели испрати барање за слободен пристап до информации од јавен карактер за овие прашања, но со оглед на тоа дека нема официјален потписник на документите кои излегуваат од институцијата, извесно е дека одговорот нема да стигне.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русковска: Јанева влезе во мрежата на самопрогласениот естраден уметник

Васко Маглешов

Боки 13, по викендот, се враќа во Шуто Оризари, во вторник почнува судењето за „Рекет“

Васко Маглешов

Правобранителот ќе ѝ ги бара 157-те илјади евра на Јанева ако Обвинителството отвори истрага

Васко Маглешов

Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор, најави Русковска

Васко Маглешов

Катица Јанева не ставила потпис на готова истрага за „Скопје 2014“

Васко Маглешов

Катица Јанева бара апанажа

Васко Маглешов