На последниот ден како премиер, Спасовски во Крушево отвори турнир во скијање со ролерки

Од:

Премиерот Оливер Спасовски последниот ден на функцијата, пред утрешното гласање во Собранието за избор на новиот владин кабинет, го искористи за посета на Крушево, каде се обрати на отворањето на спортската манифестација „Ролер ски куп ‘Тоше Проески’“.

Спасовски истакна дека манифестацијата со право прераснала во традиционален спортски настан.

-Оваа година ниту пандемијата со КОВИД-19 не го спречи овој настан. Претставници од повеќе земји пристигнаа во прекрасното Крушево за да ги манифестираат и слават спортските вредности и да и пркосат на заканата по здравјето со афирмација на здравиот спортски живот и навики. Веќе нема сомневање дека овој спортски настан расте од година во година. Го зазема своето место како манифестација од големо спортско значење. Ролер ски купот „Тоше Проески“, како релативно нова спортска дисциплина, го зацврстува своето место во меѓународните спортски манифестации и календари“, рекол премиерот Спасовски.

Прогласувајќи го овогодинешниот Ролер ски куп „Тоше Проески“ за отворен, посакал натпреварите да течат во најдобар спортски дух, а на организаторите и на Општина Крушево уште еднаш им честитал за успешната реализација на оваа спортска манифестација.

Тој потенцира дека Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација и со сесрдна поддршка на Општината и организацискиот одбор, за многу краток период успеаа да го издигнат ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“ на ниво на останатите меѓународни манифестации во регионот.

Пред отворањето, премиерот Спасовски, заедно со градоналникот на Општина Крушево, Томе Христоски и градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубинчо Шефтеровски, положија свежо цвеќе на гробното место на Тоше Проески, информираат од владината прес-служба.

-Предноста на овие натпревари е дека резултатите се бодуваат исто како и на зимските натпревари, така што на овие натпревари нашите натпреварувачи и сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа за бодување и пласман на зимските олимписки игри. Честа што ми е укажана вечерва е дополнително поголема од фактот што овој ФИС ролер ски куп го носи името на нашата најсјајна музичка ѕвезда, нашиот Тоше Проески. Оваа манифестација секоја година не собира во спомен домот на нашиот Тоше, со што овој спортски настан се облагородува од сеќавањата на неизмерниот талент и човечки вредности што Тоше Проески им ги подаруваше на сите нас, рече Спасовски.

Спасовски во новата влада ќе се врати на старата функција, на чело на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР