Левица: Потпретседателот на УМС Филип Ѓорѓиев партиски вработен во М-НАВ

Од:

Додека стотици млади, квалификувани луѓе без партиска книшка ја напуштаат државата поради тоа што не можат да бидат примени на наместените конкурси за вработување, потпретдедателот на УМС Филип Ѓорѓиев штотуку беше вработен во М-НАВ. УМС на ДПМНЕ, уште еднаш покажува дека не е ништо повеќе од организација што служи за партиски да ги вработува децата на вмровските функционери и нивните партиски лепачи на плакати, велат од Левица.

„Во меѓувреме, други млади луѓе, иако со завршено образование и подготвеност за работа, биле одбиени на овој конкурс, за да може да се вработи уште еден вмровски кадар кој ќе прима плата од државниот буџет, и да продолжи децениското вмровско паразитирање врз државата.

Дел од огласот бил дури и реобјавен на 16 јули, откако постоела опасност да бидат избрани непартиски кандидати. Интервјуата биле спроведени само од директори на Управниот одбор на М-НАВ, без никакви независни набљудувачи или претставници од синдикатот.

Институција како М-НАВ, каде што безбедноста, стручноста и одговорноста треба да се темел, се претвора во место за вработување на УМС. Ова е навреда за секој млад човек кој верува дека образованието и вложениот труд се доволни компетенции за вработување, и уште еден потег кој ќе придонесе младите луѓе да продолжат забрзано да се селат од Македонија.

Левица бара:

– Јавно објавување на комплетната документација и постапка, поврзана со спорниот оглас;

– Кривична и институционална одговорност за злоупотреба на службена положба.

– Итна транспарентност, департизација и јавна контрола врз сите државни институции.

М-НАВ не е ничија партиска филијала, туку институција од витално значење за јавната безбедност, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев: Вашата разбојничка банда не може да има монопол на историското име ВМРО

Тошковски со законски измени ќе поставува началници на СВР со еден ден работен стаж, велат од Левица

Левица: Tужба за клевета и кривична пријава против Петар Богојески, коалициониот партнер на Мицкоски

Горан Наумовски

Левица: Лозарите добија понижување наместо откупна цена

Горан Наумовски

Мециновиќ: Одмаздољубие и суета се главни мотиватори на нашиот државен врв

А1он

Левица: Непостапувањето на МВР и Тошковски заради мир во коалицијата кулминира со физички напад врз жена

Предраг Петровиќ