Клинтон: Името, па НАТО

Од:

Македонија на Самитот во Чикаго остана надвор од НАТО алијансата се додека не се реши спорот со името со Грција.

Исход кој беше очекуван. Но сепак ја зовре политичката сцена и беше повод за дебати и оценки на експерти. Сите ја нагласуваат конструктивната улога на Македонија и исполнување на задачите, но името е проблемот кој треба да се реши. Тоа беше јасна порака и од американскиот државен секретар.

Хилари Клинтон во Чикаго, беше децидна, дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека ова е последниот Самит што ќе помине без покана за нови членки на Алијансата. Клинтон упати пофални зборови за значајното учество на македонските војници во мисијата во Авганистан, и ги повика Скопје и Атина да го решат прашањето за името.

Решението на спорот со името би било од големо значење а со тоа Македонија колку е можно побргу би станала НАТО членка.

„Во врска со сите овие држави и сите останати кои сакаат да влезат во НАТО, би сакале да покажат дека делат исти вредности и волја дa ги исполнат потребните стандарди за членство“, рече американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов на кусата средба со претседателот на САД, Барак Обама, апелирал американскиот претседател да го искористи своето влијание за Грција да почне одговорно и конструктивно да учествува во процесот и да се придржува до рамката во која се водат разговорите, што е предуслов за заемно прифатливо решение.

Би можело да ве интересира

Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием

Муцунски: Прерано е да се дискутира за прием на Украина во НАТО

А1он

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Украина до НАТО: Поканете не во Алијансата веќе следната недела

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио