Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Од:

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за перидот на штрајк соопштија денеска лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчовска по средбата на која требаше да се најде решение на ова прашање.

„Ќе биде направена промена во колективниот договор во делот со кој е регулиран начинот на исплата на плати и придонеси на плати за време на штрајк. Со тоа се овозможува исплата на платите за вработените во градинките. По објавување во службен весник ќе почне исплатата на платите“ – рече минстерката Тренчевска.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека смета оти на овој начин е надмината напредвдата околу патите на вработените во градинките.

Она што беше како спорно исплатата на дневници во детските градинки кои штрајкуваа денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред нив да им се скрати од платата, МТСП имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека овој процес конечно е затоврен – рече Неделков.

Двајцата информираа дека од следната недела ќе почне процес за нов колективен договро.

И за вработените во градинките како и за оние во образованието ќе важи покачувањето на платите од 15 проценти. Ќе почне да се исплаќа од септември.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Дали Филев, наркодилер, алкохолизиран насилник, е вратен за директор зашто и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп

Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски