Груевски: За една година реализирани над 380 и започнати над 470 проекти

Од:

Резултат на нашите напори и ангажман на кадар и ресурси се над 380 целосно завршени проекти и над 470 отпочнати во периодот од 28 јули 2011 година до 20 јули 2012 година, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод една година од изборот на оваа Влада.

Тоа, нагласи, се резултати со конкретна корист за населението. Секој граѓанин се пронаоѓа во еден или повеќе од овие проекти. Тие, додаде, имаат корист која се рефлектира во повеќе правци и се значајни за народот.

„И во ова време на продолжена светска економска криза и најголем обем на европската должничка криза, кои сами по себе оставија и ефекти и влијанија врз домашните состојби, успеавме да обезбедиме стабилност и да помогнеме да поминеме со помали лузни во однос на другите држави. Немаше зголемување на даноци, ниту, пак, намалување на плати, или пензии или социјална помош или земјоделски субвенции, иако тоа некои го бараа, туку напротив продолживме со намалување на даноците. Не дозволивме девалвација на денарот или пак дисторзија во финансискиот систем на земјата. Немаше масовни отпуштања од компаниите и не се одзеде ниту стекнато право на граѓаните“, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека од Светската банка Македонија беше прогласена за најдобар трет реформатор и е на 22 место во светот за водење бизнис, дека во 2011 година имаше седми најголем раст на БДП во Европа, а државата има еден од најниските долгови од 26,8 отсто од БДП.

Покрај проектите кои се почнати и кои се дел од владината програма, премиерот потенцира дека Владата во овој период спроведе и проекти што не беа предвидени во неа, но, како што рече, во дадени моменти се создала потреба или можност тие да се реализираат или пак се ценело дека со преземениот таков чекор ќе се оствари корист за граѓаните, за компаниите и за државата во целост.

Тој во отчетот ги наброја проектите што се преземени во економијата, судството, надворешната политика, администрацијата, земјоделството, здравството, образованието, културата, спортот…

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека омилен проект од владината програма во областа на здравството е набавката на медицинската опрема, изградбата и реконструкцијата на болниците, во образованието реконструкција и изградба на училишта, во земјоделството доделувањето на субвенциите, но секако и странските инвестиции кои ќе обезбедат многу нови вработувања.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата