Грција не се откажува од ветото

Од:
На Грција и пречи македонското име, нација и јазик, и затоа не се откажува од ветото. Остри реакции по изјавата на еврокомесарот  Штефан Филе дека Македонија  може  да ги почне преговорите за членство во Европската  Унија и без решение на проблемот  со  името.
Портпаролот на грчкото МНР, Делавекурас на еврокомесарот му порача да ги преиспитал фактите.
“Доколку позициите на еврокомесарот Филе се точно пренесени во интервјуто за Ројтерес, тешко е да се види на што се заосновани ваквите заклучоци. Веројатно ќе биде добра идеа еврокомесарот да ги ревидира и преиспита сите факти што му стојат на располагање”, се вели  во ракцијата.
 По неколку часа, на вечерата со српскиот претседател Николиќ шеф на државата Папуљас, бил дециден  Грција нема да даде согласност , ако не се најде заеднички прифатливо решение за едно конечно име за вкупна употреба, кое ќе одговара на реалноста.
“Ја нарекуваат нивната држава Македонија, а националноста и јазикот македонски, затоа што преку овие имиња се обидуваат да стават хипотека на Македонија како целина. Дозволете ми да бидам јасен. Нема да дадеме согласност ”, рекол Папуљас.

“За да се поттикне преговарачкиот процес во рамки на Обединетите Нации, Грција неодамна презема иницијатива со која се предлага потпишување на Меморандум за соработка. На оваа иницијатива, владата на “Скопје” не одговори позитивно”, Папуљас го  коментираше  и одговорот на Меморандумот.

Од Николиќ  побара Србија да покаже практична поддршка за Грција во проблемот што го имаат со нашето име и идентитет.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски