(ВИДЕО) Почнува ноќната стража на гробот на Гоце – народ се упати кон црквата Св. Спас

Од:

Група граѓани, со знамиња, транспаренти и патриотски обележја вечерва се упатија кон црквата Свети Спас и на гробот на Гоце Делчев, каде утре ќе се одржи одбележување на денот на кој е роден македонскиот револуционер.

Групата од стотина луѓе велат дека одат да чуваат таканаречена „ноќна стража“ пред црквата, сепак не успеаа да стасаат до црквата. Беа сопрени каде што е поставен полициски кордон кој го обезбедува околниот простор.

Сепак собраните граѓани најавуваат дека таму ќе ја минат ноќта. Дел од нив најавија дека во текот на вечерта ќе го блокираат и целиот мост „Гоце Делчев“, во знак на протест поради тоа што им е попречено движењето и не ги пуштаат да стигнат до црквата Свети Спас.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет