Државата ќе урива во Охрид, оти градоначалникот не може да се справи со дивоградбите

Од:

Општина Охрид не може да се справи со дивоградбите, потврди премиерот Заев, кој рече дека градоначалникот Константин Георгиевски сака да ги отстапи ингеренциите поврзани со урбанистичкото планирање, односно легализација и рушење дивоградби.

Премиерот напомена дека во градот на УНЕСКО има девијантни појави, а едни од нив се дивоградбите на советникот Нефи Усеини. Тој за четири месеци изгради две дивоградби, од кои едната се наоѓа на плоштадот Чинар, а пак, другата, бетонската база, се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга.

„Ингеренциите се одземаат во согласност со законот. Слушнав дека и Охрид сака да ги отстапи ингеренциите. Државата ќе ги земе ингеренциите заради обврска. Обврската е средување на Охрид и Охридскиот Регион, односно ставање крај на девијантните појави таму. Ние ќе бараме компании што ќе ги извршат налозите, односно отстранување на дивоградбите што не може да бидат легализирани. Интеграциите може да бидат одземени само во согласност со законот“, рече премиерот Заев.

Претходно, Заев побара советникот Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите што ги изгради во подрајчата заштитени под УНЕСКО во Охрид, но тие сè уште стојат нечепнати.

За објектот кај Чинарот чиј инвеститор е советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, „А1он“ пишуваше уште пред истиот да почне да се гради, но општинската инспекција реагираше десетина дена подоцна. По четири месеци од првата објава за дивоградбата на државно земјиште, градбата е отворена за пречекување гости. Во завршна фаза е и бетонската база која се гради без одобрение од општината, а нема ниту еколошка дозвола

Општина Охрид констатираше дека во градот има над 1000 дивоградби, за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид