Четворица новозаразени од Ковид-19 во МВР и исто толку во државен карантин

Од:

Четворица припадници на Министерството за внатрешни работи вчера се новорегистрирани случаи со коронавирус, потврдуваат оттаму за „А1он“. Станува збор за еден вработен во Одделот за обезбедување на објекти и личности, двајца во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ и еден во Регионалниот центар за гранични работи Север. Засега, нема информација дали новозаразените се заразиле на работното место.

Вработени во министерството за внатрешни работи има и во државните карантини, откако се вратиле од земјите со висок или среден ризик од коронавирус. Станува збор за четири лица, но непознато е од каде се враќале и дали биле испратени од МВР или патувале приватно.

Со последните случаи, бројот на заболени лица од коронавирус во МВР се искачува на 39 активни случаи. Поради контакт со заболено лице, 170 вработени во министерството добиле решенија за изолација.

Меѓу заразените од изминатите денови е и советникот на техничкиот министер, Наќе Чулев, службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница, како и вработени во Единицата за брзо распоредување.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница